поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ НА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ ВО ОБЛАСТИТЕ БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, СУДСТВО И МЕДИУМИ

Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на концептот Граѓанска акција за итни реформски приоритети објавува конкурс за доделување грантови за заеднички акции на здруженија и фондации во областите борба против корупција, судство и медиуми (формални и неформални мрежи на здруженија и фондации). 

Ќе бидат доделени три грантови, и тоа:
  1. Еден грант за заедничка акција на здруженија и фондации во областа борба против корупцијата во износ од 25.000 УСД (американски долари);
  2. Еден грант за заедничка акција на здруженија и фондации во областа судство во износ од 25.000 УСД (американски долари); и
  3. Еден грант за заедничка акција на здруженија и фондации во областа медиуми во износ од 28.000 УСД (американски долари).
Вкупната сума на доделени средства во овој конкурс не може да изнесува повеќе од 78.000 УСД (американски долари).

Овој вид грантови за заедничка акција на здруженија и фондации ќе обезбеди поддршка за заеднички развиени акции на минимум три здруженија и/или фондации кои се поврзани во формални или неформални партнерства или коалиции на тематска основа. Грантовите за заеднички акции ќе бидат доделени на здруженија и/или фондации кои се природно поврзани во формални или неформални партнерства и коалиции, кои имаат експертиза во релевантната област за која конкурираат, како и истражувачки и аналитички способности да продуцираат мониторинг базиран на докази и реализација на активности за застапување. Со грантовите ќе бидат поддржани акции со цел интензивирање на заедничките акции за мониторинг и зајакнување на граѓанското застапување за спроведување на Итните реформски приоритети, специфично во борбата против корупцијата, судството и медиумите. Заедничките акции треба да понудат креативни методи за интеракција со медиумите, што ќе придонесе за информирана јавна дебата за напредокот во однос на агендата за пристапување во Европската Унија.

Со грантовите се стимулира формирање партнерства и коалиции околу специфичнo прашањe за застапување на национално ниво. Посебен фокус ќе биде ставен на поддршка на процеси кои се инклузивни, вклучуваат поголем број здруженија и фондации, како и други клучни засегнати страни, како и вклучуваат, на пример, медиум и/или новинари кои работат истражувачко новинарство.

Повеќе информации за конкурсот како и потребните обрасци и упатстава за пријавување можете да ги преземете подолу.

Краен рок за поднесување: 16 јуни 2017 година (петок), до 16:00 часот.

Клучни зборови

| конкурс