поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ СТОРИИ КОИ АДРЕСИРААТ ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ


КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ СТОРИИ КОИ АДРЕСИРААТ ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за поддршка на истражувачки стории кои адресираат прашања од интерес на локалните заедници во областа на  заштита на основните човекови права и слободи, пристап до услуги на маргинализираните заедници, отчетност и транспарентност на институциите, борба против корупцијата, владеење на правото и др.
Овој конкурс ќе обезбеди поддршка за подготовка и објавување истражувачки стории кои ќе  укажат на прекршувањата во постоечки политики и практики, ќе сугерираат подобрувања и донесување нови потранспарентни, инклузивни политики и ќе мотивираат зголемен и здружен ангажман на граѓаните, граѓанското општество и локалните власти за надминување на неповолните состојби.

Вкупниот фонд за поддршка на истражувачки стории е 7.500 американски долари. Максималниот износ на поддршката за една истражувачка сторија е 1.500 американски долари.
На конкурсот може да се пријават новинари од регионите на Прилеп, Тетово, Струга, Струмица, Велес, Скопје, Куманово и Штип. Во сите активности поврзани со истражувањето и при пишувањето и објавувањето на сторијата, се очекува новинарот да ги почитува новинарските етички и професионални стандарди. Бројот на поднесоци од еден индивидуален кандидат не е ограничен, но  за финансирање ќе може да биде прифатен само еден предлог. Доколку има потреба, избраните новинари ќе имаат можност за менторска поддршка во истражувањето и во процесот на подготовка на сторијата.

Пријавата за конкурсот е достапна на линкот подолу. Дополнително, покрај пријавата заинтересираните треба задолжително да достават и своја работна биографија во која ќе бидат вклучени насловите и линковите до веќе  објавени истражувачки стории во последните 5 години. Комплетните пријави треба да се поднесат електронски, во word и pdf формати, на следнава адреса: konkurs2017@fosm.mk со наслов на пораката кој содржи Име на новинарот – предлог наслов на сторијата. Доколку имате прашања, поставете ги на prasanjakonkurs2017@fosm.mk , најдоцна до 5 декември 2017 година (вторник), до 16 часот.

КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ НА ОВОЈ КОНКУРС Е
7 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 2017г. ДО 16 ЧАСОТ.


За пристигнатите пријави по конкурсот ќе одлучува Комисија составена од претставници од ФООМ. Договорите за користење грант и менторска поддршка ќе бидат реализирани не подоцна од 20 декември 2017. Пријавите пристигнати по наведениот рок и нецелосните пријави нема да бидат разгледувани. Рокот за спроведување на истражувањето и за објавување на истражувачките стории е крајот на март, 2018.

поврзани новости

нема поврзани новости