Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017
пронајди

ПРЕЗЕНТИРАН ПЛАН ЗА ИТНИ ДЕМОКРАТСКИ РЕФОРМИ

73 граѓански организации подготвија нов Предлог за итни демократски реформи

Денес, 19 јули 2017 година, на прес-конференција беше презентирана надградена верзија на „План за итни демократски реформи“ кој првично беше создаден во 2016 година. Со оглед на променетите околности, граѓанските организации го ревидираа и надградија првичниот план, со кој предвидуваат 14 области за итни демократски реформи.



Целта на документот е да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области од јавните политики, како и за враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции. Оттука, овој предлог е визија на учесниците за тоа кои мерки, државните институции треба да ги применат и тоа на краток тримесечен рок, како и мерки кои треба да се завршат во наредните шест, девет и 12 месеци. Предлогот не е исцрпна листа на сите мерки кои е потребно да бидат спроведени во Македонија, но е патоказ за тоа што е најважно и потребно да биде сторено во наредните 12 месеци.

Областите на јавни политики разработени во документот се: јавни финансии и економија; правосудство; борба против корупцијата; избори и изборен систем; јавна администрација; контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање; Собрание; граѓанско општество; социјална заштита, благосостојба и одржливост; образование и младински политики; животна средина; енергетика; култура и здравство.



На прес конференцијата беше презентиран и предлогот граѓанското општество да биде вклучено во консултации со државата, преку создавање на консултативен совет во Владата на РМ, во кој би учествувале граѓанските организации, назначување на лица за контакт во министерствата, како и учество на граѓанските организации во работните тела на Собранието на РМ. 

Мерките со кои се дополнува Предлогот за итни демократски реформи беа разгледани во јули 2017 година на форум на граѓански организации, експерти и научници кои во текот на два дена ги ревидираа минатогодишните предлози и подготвија втора верзија. На форумот учество земаа 146 лица кои претставуваа 73 граѓански организации.

Документот и листата на граѓански организации можете да ги најдете во линковите во прилог.

поврзани новости

нема поврзани новости