Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017
пронајди

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА НА „ПРЕДЛОГ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ИТНИ ДЕМОКРАТСКИ РЕФОРМИ“


Во среда, 19 јуни 2017 година, со почеток во 10 часот, во дневната сала во хотелот Холидеј ин, ќе се одржи прес-конференција на која претставници на граѓанските организации ќе презентираат дополнувања на „Предлог за итни демократски реформи“. Овој план претставува надградба на предлогот за итни демократски реформи подготвен од група граѓански организации и експерти во јули 2016 година.

Целта на документот е да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области од јавните политики, како и за враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции. Оттука, овој предлог е визија на учесниците за тоа кои мерки, државните институции треба да ги применат и тоа на краток тримесечен рок, како и мерки кои треба да се завршат во наредните шест, девет или пак 12 месеци. Предлогот не е исцрпна листа на сите мерки кои е потребно да бидат спроведени во Македонија, но е патоказ за тоа што е најважно и потребно да биде сторено во наредните 12 месеци.

Областите на јавни политики разработени во документот се: јавни финансии и економија; правосудство; борба против корупцијата; избори и изборен систем; јавна администрација; контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање; Собрание; граѓанско општество; социјална заштита, благосостојба и одржливост; образование и младински политики; животна средина; енергетика; култура и здравство.

На прес конференцијата ќе биде презентирана иницијативата, како и предлогот за тоа како граѓанското општество треба да биде вклучено во консултации со државата, како и начинот на набљудување на прогресот на исполнување на мерките.

Мерките со кои се дополнува Предлогот за итни демократски реформи беа разгледани во јули 2017 година на форум на граѓански организации, експерти и научници кои во текот на два дена ги ревидираа минатогодишните предлози и подготвија втора верзија. На форумот учество земаа 146 лица кои претставуваа 73 граѓански организации.

  • Граѓанска асоцијација МОСТ
  • Евротинк – Центар за европски стратегии
  • Институт за демократија „Социетас цивилис“ - Скопје
  • Институт за европска политика
  • Фондација Отворено општество - Македонија
  • Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  • Центар за економски анализи „Паблик“ асоцијација за истражување, комуникации и развој
  • „Прес ту егзит“ проектен простор
  • Аналитика тинк-тенк
  • Асоцијација за здравствена едукација и истражување - ХЕРА
  • Асоцијација за развојни иницијативи ЗЕНИТ
  • Асоцијација за чиста животна средина „АЈДЕ МАКЕДОНИЈА“
  • Балканска мрежа за развој на граѓанското општество
  • Визија центар за научна фантастика на Македонија
  • Детски театарски центар - Скопје
  • Здружение „Заедно посилни“
  • Здружение „Јустиција“ - Куманово
  • Здружение „Конект“
  • Здружение „Млади европски федералисти“- Македонија
  • Здружение „Мултимедија“
  • Здружение „Хуманост“
  • Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ
  • Здружение за локален развој Акција плус, Ресен
  • Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА
  • Здружение на граѓани „Профицио“
  • Здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Биди зелен“
  • Здружение на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“
  • Здружение на педагози на Град Скопје „Современ педагог“
  • Здружение на уметници Културен центар „Медиаартес“- Охрид
  • Здружение ХОПС - Опции за здрав живот
  • Иницијатива за независен културен активизам - ИНКА
  • Иницијатива за развој и инклузија на заедниците - ИРИЗ
  • Институт за човекови права - Скопје
  • ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена
  • Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
  • Коалиција „Сите за правично судење“
  • КОНТРАПУНКТ - асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики
  • ЛОКОМОТИВА - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
  • Македонска платформа против сиромаштијата
  • Македонски центар за меѓународна соработка
  • Македонско еколошко друштво
  • Македонско здружение на младите правници
  • Милеуконтакт Македонија
  • Младински културен центар - Битола
  • Младински образовен форум
  • Наставнички пленум
  • Национален младински совет
  • Национален совет за родова рамноправност
  • НВО КХАМ - Делчево
  • Независен академски синдикат
  • Новинари за човековите права
  • Организација за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“
  • ОРТ – обука за одржлив развој
  • Пријатели на образованието
  • Реактор - Истражување во акција
  • Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА СОС
  • СОС Детско село Македонија
  • Стрип-центар на Македонија
  • Транспаренси Интернешнал - Македонија
  • Факултет за работи што не се учат
  • Фондација за локален развој и демократија „Фокус“
  • Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Скопје
  • Фондација НВО Инфоцентар
  • ФОРУМ - Центар за стратегиски истражувања и документација
  • Форум за истражување на безбедносните политики „Секуритас“
  • ХАЕ Македонија
  • Центар за балканска соработка „Лоја“
  • Центар за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“
  • Центар за истражување и креирање политики
  • Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци
  • Центар за образовна поддршка на децата „Дендо вас“
  • Центар за одржлив развој на заедницата - Дебар
  • Центар за правни истражувања и анализи
  • Центар за современи уметности - Скопје
  • Центар за стратегии и развој „Пактис“ - Прилеп
  • Центар за управување со промени
  • Центар на заедницата на Општина Центар
  • ЦИВИЛ - Центар за слобода
  • ЦНВП Фондација - Македонија

поврзани новости

нема поврзани новости