Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА

На 27 јуни 2017 година (вторник), со почеток во 10 часот, во хотелот Холидеј ин, сала Милениум 1, ќе се одржи завршната конференција на проектот Пристап до правда во Македонија, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани наодите од имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош во периодот 2016-2017 година кога и се спроведуваше проектот Пристап до правда во Македонија, како и резултатите од истражувањето за задоволството на граѓаните од добиената бесплатна правна помош (БПП). Исто така, ќе бидат презентирани и утврдените недостатоци на системот на БПП со особен акцент на предизвиците со кои се соочуваат здруженијата овластени за давање на БПП и препораките за негово подобрување.

Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество - Македонија во партнерство со овластените здруженија за давање БПП, и тоа Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар Куманово, ЕХО Едукативно - хуманитарна организација Штип, Младинскиот културен центар Битола и Избор Струмица.
Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на системот за заштита на човековите права во земјата преку оценување на задоволството од постојниот систем за бесплатна правна помош на граѓаните и утврдување на слабостите од неговото спроведување со цел застапување за негово подобрување.

Настанот ќе го отворат Билен Саљији, министер за правда, Н.Е. Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија и Билјана Секуловска-Габер, членка на Управниот одбор на ФООМ.

поврзани новости

нема поврзани новости