Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ЗОШТО ШЕСТЕ АМЕРИКАНСКИ СЕНАТОРИ ГИ ПОДДРЖУВААТ СИЛЕЏИИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ НА БАЛКАНОТ?

Максим Такер

Скопје, Македонија: Пет минути откако се сретнавме во еден хотел, Васко Лазаревски го извади својот мобилен телефон за да ми ја покаже најновата закана што ја добил на неговиот Фејсбук профил.

„Во следната војна, прво ќе ги нападнеме шпионите“, пишува таму. „Нема веќе грешки“.

Тој ја стега вилицата додека ја чита следната реченица. „Лука ти е најмилото, сакај го него и сакај ја Македонија. Не ме терај да го ебам најмилото в газ. Јасно ли ти е, шпион?“.

Лука е 11-годишниот син на Лазаревски.

Лазаревски не е шпион.Тој е долгогодишен активист и мој колега од Фондациите Отворено општество, основани од финансиерот и филантропот Џорџ Сорос. Фондацијата Отворено општество – Македонија помага во финансирањето групи кои работат во областа на образованието, здравството, граѓанскиот активизам и независното новинарство – безопасни активности, освен доколку не почнете да ја разоткривате кражбата на државни пари од страна на владата.

Пораката доаѓа од лажен Фејсбук профил, креиран со името на синот на еден од колегите на Лазаревски. Скриеното значење на пораката е исто толку несуптилно како и самата закана. Те следиме тебе, твоите пријатели и твоето семејство.

Лазаревски смета дека пораката доаѓа од македонската служба за државна безбедност – што не се чини толку неверојатно имајќи предвид дека во неговата канцеларија секој ден има по двајца владини службеници кои постојано бараат документи како дел од тековна истрага за неспецифицирано кривично дело.

Службениците дојдоа во декември, неколку недели по изборот на Доналд Трамп за 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави. Истата недела, повеќе службеници влегоа во канцелариите на 21 невладина организација ширум земјата. Осумнаесет од налозите за претрес конкретно се однесуваа на одземање документација во врска со нивната работа со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

„Ме натераа да ги потпишам сите 1.500 страници од предадените документи “, вели Уранија Пировска, извршен директор на македонската канцеларија на Хелсиншкиот комитет за човекови права (МХК), меѓународна организација која добива средства од САД за финансирање на своите ограноци ширум светот. „Тоа ми одзеде три часа. Тие нè затрупуваат со папирологија за да не можеме да си ја вршиме работата“.

Канцеларијата на Пировска шестпати беше нападната од хулигани кои фрлаа камења на прозорците при што, во еден наврат, Пировска и еден нејзин колега биле повредени. Властите не покажале никаков интерес за истрага или заштита.

Македонската влада ја претвори оваа мала нација од 2,1 милиони граѓани во тест за искушение на надворешната политика на Трамп и Тилерсон, но засега Белата куќа го игнорира нападот врз организациите поддржани од УСАИД.

 Се чини дека изолаторската реторика на Трамп за време на неговата кампања ја окуражи сè поавторитарната владејачка партија во земјата – ВМРО, да ја предизвика американската институција која е синоним за американската „мека сила“ повеќе од половина век. Плановите на Белата куќа кои беа обелоденети минатиот понеделник за кратење на буџетот на УСАИД само ќе ја направат ВМРО посмела.

Таа смелост се раѓа од очај. Во зградата на народното собрание во центарот на градот, со недели членовите на ВМРО спроведуваат „филибастер“ за да го спречат гласањето што ќе стави крај на нивното децениско владеење и ќе донесе нова коалиција на власт.

Кога законодавците гласаа за новата коалиција во четвртокот, демонстрантите кои ја поддржуваат ВМРО упаднаа во собраниската сала и ги нападнаа новите коалициски лидери. Лидерот на коалицијата, Зоран Заев, ја напушти салата претепан и облеан во крв, а според извештаите повредени се повеќе од стотина други лица.

Надвор, низ вителот прашина одекнува звукот на електрични пили додека градежните работници го привршуваат проектот „Скопје 2014“, најавен од партијата во 2010 година како владин проект вреден 80 милиони евра, со кој центарот на македонскиот главен град треба да се претвори во неокласично здание во чест на Александар Велики.

Десетици светкави бронзени статуи, варосани грчко-римски фасади и две лвази-дрвени галии се сместени долж брегот на Реката Вардар во надреалистичен натпревар за најкичест објект во градот. Преполн со дела на многубројни македонски поети, сликари и патриоти чијашто цел е да побудат националистичка гордост, упадливиот декор на градот во голема мера го игнорира придонесот на Турците и Албанците во неговиот развој како трговски центар за време на Отоманската Империја.

Денес, три години по првично планираниот датум за завршување на проектот и потрошени 480 милиони евра над предвидениот буџет, недовршениот проект стана симбол за широко распространета корупција и злоупотреба на власта во Македонија, чијшто вкупен годишен буџет изнесува само 3,18 милијарди евра. Јавниот долг е речиси четирипати поголем, додека проектот напредува бавно.

За работите да бидат полоши, снимките кои протекоа во 2015 година покажуваат дека лидерот на ВМРО, Никола Груевски, кој беше премиер во тоа време, наредил прислушување на 20.000 лица и поттикнувал корупција и изборна измама.

Овие откритија предизвикаа масовни протести и ја втурнаа земјата во политичка криза. Опишувајќи го владеењето на ВМРО како „заробена држава“, ЕУ истапи на сцената и го убеди Груевски да поднесе оставка, да се одржат нови избори и да се именува специјален обвинител кој ќе ги истражи овие дела. Сепак, и покрај заминувањето на Груевски од власт, тој остана лидер на партијата и одби да ѝ овозможи на новата коалиција да ја преземе власта.

Влоговите се големи – ако ВМРО се откаже од власта, Груевски и неговите сојузници се соочуваат со завршување на нивната политичка кариера зад решетки. Наместо тоа, тие ја консолидираа контролата врз полицијата, судиите и медиумите во земјата.

Освен тоа, тие го поддржаа и квази „меѓународно движење“ познато како Стоп Операција Сорос, кое работи само во авторитарни земји како Унгарија, Србија и Македонија. Всушност, оваа група ја сочинуваат лица кои се на владиниот платен список и таа објавува доверливи податоци што невладините организации им ги обезбедиле исклучиво на македонската полиција, со што нивното заговарање со владата станува повеќе од очигледно.

Сега во кавгата се вклучија и републикански сенатори, како и одредени десноориентирани медиуми. Имено, шест републикански сенатори – Мајк Ли, Тед Круз, Џим Инхоф, Том Тилис, Дејвид Пердју и Бил Касиди – му испратија писмо на државниот секретар Тилерсон обвинувајќи ја УСАИД и Фондацијата Отворено општество – Македонија за заговор за поддршка на левичарските политички групи.

Се чини дека десноориентираните печатени медиуми во Америка се фатиле на мамката на ваквиот наратив, без да ги проверат нивните извори или без да одвојат време да го прочитаат манифестот на ВМРО, опишувајќи ја борбата меѓу групите поддржани од УСАИД кои водат кампањи за транспарентност и корумпираните лидери како идеолошка битка меѓу конзервативни лидери и либерални активисти. Ваквиот став тие го поткрепуваат само со поддршката од Џорџ Сорос.

Таквите политички коментатори може да бидат изненадени ако го прочитаат најновиот блог-пост на партијата ВМРО, каде се критикуваат нивните противници дека планираат приватизација на државниот имот останат уште од комунистичка Југославија: „Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) беше поразен на изборите, но тие се умешни во леснотијата на продавањето на државните и националните интереси“, пишува во постот. „Со лесна рака ја демонтираат државноста која другите генерации ја граделе со крв, пот и солзи“.

Обично, држењето до социјалистичко-државните институции не се смета за конзервативна особина. Примената на рамката „либерал против конзервативец“ која е типична за САД едноставно не функционира во повеќето земји од Средна и Источна Европа, каде политиката честопати ја дефинираат кланови и култови изградени околу една личност.

Во Македонија, борбата се води меѓу еден клептократски авторитарен режим и групи од сите политички провиненции кои се залагаат за владеење на правото. Работата на УСАИД во оваа земја треба да се гледа токму низ оваа призма.

Новинарите кои ја критикуваат владата биле плукани, напаѓани на улица и кривично гонети, поради што претставничката за слобода на медиумите при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Дуња Мијатовиќ, во неколку наврати требаше да интервенира.

Во меѓувреме, медиумите под државна контрола ги ставаат лидерите на невладини организации што ја критикуваат владата на столбот на срамот и ги прикажуваат како „непријатели на Македонија“.

„Рано наутро ги добиваме билтените од централата (Центарот за информации на ВМРО)“, објаснува Убавка Јаневска, поранешен новинар во македонскиот јавен сервис. „Тие ни ги даваат поентите што треба да ги емитуваме тој ден. Понекогаш, не се ни мачевме да ги прилагодиме или да ги направиме покреативни, туку едноставно ги читавме во вестите“.

Процесот станал толку автоматски што новинарите честопати не ги пишуваат нивните имиња под новинарските прилози објавени на провладините портали. Телевизиските новинари ги покриваат ваквите прилози преку едноставно повикување на непотпишани текстови како извор за веста.

Пропагандистичката офанзива во Македонија ја помага уште една клептократија која од неодамна почна да покажува зголемен интерес за земјата.

„Кремљ е на страната на Груевски – во последните две години тој објави повеќе соопштенија за печатот во врска со Македонија отколку што имаше објавено во претходните дваесет години заедно“, вели Владимир Петрески, долгогодишен новинар кој сега работи во Сервисот за проверка на фактите од медиумите, проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија. „Бројот на дипломатски персонал во руската амбасада петкратно се зголеми по обелоденувањето на скандалот за прислушување“.

Во Македонија се појави и локален огранок на озлогласената група моторџии Ноќни Волци, чиишто руски членови помогнаа при анексијата на Крим и се борат против владините сили во источниот дел на Украина.

Се чини дека во целата оваа нестабилност Москва препозна шанса за да предизвика безредие во потенцијална членка на ЕУ и НАТО. Според некои извештаи, владејачката партија во Русија, Обединета Русија, го поддржала концептот наречен „Б4 стратешко решение“, односно планот за обединување на Србија, Црна Гора, Македонија и Република Српска од Босна и Херцеговина, како неутрален бедем против експанзијата на НАТО.

Сепак, овој план веројатно доаѓа предоцна, бидејќи САД на почетокот на овој месец го одобри приемот во НАТО на регионалниот сосед на Македонија – Црна Гора. Тоа се случи и покрај обидот за државен удар заговаран од руски агенти и два гласа „против“ во Сенатот – од Ранд Пол и Мајк Ли, кои воедно се иницијалните потписници на писмото во кое се напаѓаат активностите на УСАИД во Македонија и Албанија.

Доколку претседателот Путин не може да ја запре тврдата моќ на САД во земјите на Балканот, тоа не значи дека тој нема да ја искористи оваа можност за сопирање на нивната мека моќ. Дури и во случај Конгресот да го блокира буџетот на Трамп, неуспехот на Тилерсон да одговори на нападот врз УСАИД во Македонија би можел да значи почеток на крајот за странската помош онаква каква што ја знаеме.

За Лазаревски, неговите колеги и неговото семејство, тоа би можело да значи нешто многу полошо.

*Името на синот на Лазаревски е изменето за да се заштити неговиот идентитет.

Максим Такер е експерт за Источна Европа при Фондациите Отворено општество.


Извор: Why are Six U.S. Senators Bolstering Thugs in the Balkans? | Newsweek

поврзани новости

нема поврзани новости