Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017
пронајди

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОБЛАСТА НА РЕФОРМИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА




 








1. ЗА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКА АЛИЈАНСА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Оваа шема на ре-грантирање е дел од проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од „Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”,  а финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015. Вкупната вредност на проектот изнесува 333.333 евра.

Општа цел на проектот е јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики. Се очекува проектот да придонесе кон (i) унапредување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување мониторинг базиран на докази на процесот на реформата на јавната администрација и (ii) да овозможи простор за соработка на граѓанските организации во нивните застапувачки активности за подобрување на политиките поврзани со реформата на јавната администрација.

2. ЗА ШЕМАТА НА РЕ-ГРАНТИРАЊЕ 

Со шемата за ре-грантирање, повикот цели да придонесе кон: 

  • Унапредување на знаењето и вклученоста во процесите врзани со реформа на јавната администрација;
  • Креирање на овозможувачка средина за граѓанскиот сектор;
  • Овозможување на граѓанските организации ефективно да учествуваат во консултативните процеси преку зајакнување на нивните капацитети за спроведување на мониторинг базиран на докази, разбирање на реформите на јавната администрација и реализација на активности за застапување;
  • Унапредување на дијалогот помеѓу носителите на одлуки и граѓанскиот сектор. 
Шемата на ре-грантирање ќе биде реализирана преку 2 повици за доделување на мали грантови на граѓански организации, во вкупна вредност од 100.000 евра. Првиот повик го имате во прилог, додека вториот ќе биде распишан во текот на 2018. Во рамки на секој повик, од 5 до 9 грантови ќе бидат доделени, во висина од 7.000 до 9.000 евра. Вкупната сума на доделени средства во секој повик не може да изнесува повеќе од 50.000 евра. 

3. ЗА ПРВИОТ ПОВИК ВО РАМКИ НА ШЕМАТА ЗА РЕ-ГРАНТИРАЊЕ  
Тематскиот приоритет за првиот повик од шемата на ре-грантирање е поддршка за граѓанските организации во спроведување на мониторинг активности врз јавните институции и имплементација на реформата на јавната администрација на национално ниво. Предложените проекти треба да се во доменот на следните фокус области, како дел од реформата на јавната администрација: 

3.1. Стратешко планирање, координација и развој на политики; 
3.2. Менаџмент на јавни финансии, транспарентност и отчетност;
3.3. Менаџмент на човекови ресури;
3.4. Јавни услуги и IT поддршка на јавната администрација;
3.5. Организација на органи на државна управа. 

Во предлог – проектите неопходно е да бидат вклучени следниов тип активности:
  • Разработка на методологија за реализација на истражувачки мониторинг активности;
  • Изработка на минимум една анализа/извештај во која се претставени клучните наоди од спроведените истражувачки монторинг активности;
  • Изработка на комуникациска стратегија за промоција на проектните активности, вклучително и промоција на мониторинг анализата/извештајот.
Период на реализација на активностите е јуни 2017 – јануари 2018 (8 месеци).

Успешните апликанти се обврзуваат да се вклучат и во други активности, дел од проектот како целина, организирани и спроведени од  ФООМ и ЕВРОТИНК, односно:

  • Да земат учество во заеднички настан за промоција на грантистите; 
  • Да земат учество во проценка на капацитетите на организацијата;
  • Да земат учество во серија на обуки за јакнење на капацитетите и знаењата;
  • Да подлежат на менторство за време на спроведување на проектните активности;
  • Да присуствуваат на координативни средби организирани од донаторот. 
Напомена: Овие активности не е потребно да се разработуваат во предлог-проектите со кои се аплицира за оваа грантова шема.

4. КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ПОВИКОТ?

Повикот е отворен за сите граѓански организации кои:

  • Се регистрирани како здруженија или форми на здружување согласно Законот за здруженија и фондации; 
  • Поднеле комплетна апликација и придружни документи; 
  • Поднеле апликација до утврдениот краен рок; 
  • Побарале финансиски средства во висина од 7.000 до 9.000 евра. 
Пријавата мора да биде во согласност со сите критериуми, со цел истата да премине во фазата на оценување. Пријавите кои не ги исполнуваат овие услови ќе бидат одбиени.

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Сите пријави што биле позитивно оценети во фазата на првично оценување ќе бидат презентирани пред Комисијата за селекција.  Во своето одлучување, Комисијата предност ќе даде на креативни апликации со потенцијал за долгорочна одржливост. Поконкретно, следните критериуми за избор ќе бидат применети при одлучувањето: 


1. Технички пристап - (max. 60 поени) 

1.1. Релевантност на прашањето или потребата која е адресирана
(од Образецот за пријавување: прашање III.2, III.3, III.5) - (max. 30 поени)

1.2. Квалитет на предложените активности 
(од Образецот за пријавување: прашање III.6, III.7, III.8) - (max. 15 поени)


1.3. Активности ориентирани кон резултати 
(од Образецот за пријавување: прашање III.4, III.9 и Прилог 4 Индикатори за мерење на напредок на проектот) - (max. 15 поени) 


2. Организациски капацитети и претходно релевантно искуство - (max. 20 поени)

2.1. Административни, финансиски и менаџмент капацитети
(од Образецот за пријавување: прашање V.1,V.2,V.4,V.5) - (max. 10 поени)

2.2. Претходно релевантно искуство и постигнати резултати во области блиски до темата 
(од Образецот за пријавување: прашање V.3) - (max. 10 поени)  


3. Финансиско планирање на проектот - (max. 20 поени)

3.1. Исплатливост на буџетот
(Прилог 2 Буџет) - (max. 10 поени)

3.2. Соодветни капацитети за финансиски менаџмент
(од Образецот за пријавување Прашање IV и Прилог 2 Буџет) - (max. 10 поени) 


Во текот на процесот на оценување, донаторот може да побара дополнителни информации од подносителот на пријавата за предлог-проектот или за организацијата, коишто смета дека се потребни за завршување на оценувањето. Барањето дополнителни информации не подразбира дека истите ќе бидат или нема да бидат поддржани.

До пријавените организации ќе бидат испратени писма за одобрување, односно одбивање на предлог-проектите, најдоцна до 23.05.2017 (вторник).
Листата на избраните организации ќе биде објавена и на веб страните www.fosm.mk и http://mcet.org.mk/. 


6. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавата за овој повик се состои од:


1. Образецот за пријавување (Прилог 1);
2. Образец за предлог – буџет (Прилог 2); 
3. Временска рамка (Прилог 3);
4. Индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4);
5. Дополнителни прилози: 
5.1. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од една година; 
5.2. Работни биографии на персоналот вклучен во проектот;
5.3 Годишен извештај за работа и финансиски извештај, за претходната година.


Во прилог Ви доставуваме и Упатство за буџетирање. 

За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа вклучува целосно пополнет образец за пријавување на проектот (Прилог 1), образец за предлог-буџет (Прилог 2), времската рамка (Прилог 3), индикатори за мерење на напредокот на проектот (Прилог 4) и сите дополнителни прилози. 

Образецот за пријавување (Прилог 1) треба да биде целосно пополнет. За пополнување на пријавата се користи фонт Calibri, големина 11.

При пополнување на Образецот за предлог буџет (Прилог 2) потребно е да се води сметка за правилата дадени во Упатството за буџетирање и за тоа дека во соработка со ФООМ и ЕВРОТИНК сите избрани грантисти самостојно ќе спроведат постапка за ослободување од ДДВ по основ на странска донација во Секретеријатот за европски прашања (СЕП).

Комплетните пријави мора да бидат поднесени во оригинал на македонски јазик со овластен потпис и печат во еден примерок. Во прилог на документите, треба да се поднесе и ЦД или УСБ со електронската верзија на сите документи. Печатената и електронската верзија на документите треба да бидат идентични.  

Комплетната пријава мора да се поднесе во еден примерок, во едно затворено плико, обележано со наслов Конкурс за доделување грантови во рамки на проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, името на организацијата, како и наведено „не отворај“. 

Пријавите се доставуваат најдоцна до 16.00 часот, 12.05.2017 (петок) во просториите на ФООМ, на следната адреса: 

Бул. „Јане Сандански“ 111
Скопје
тел. (02) 2444488


Пријавите може да бидат испратени и пo курирска служба, но да бидат испорачани на рака најдоцна до 16.00 часот, на 12.05.2017 (петок) во просториите на ФООМ на адресата дадена погоре. За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адресата на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта. 


Евентуални прашања во врска со повикот можат да бидат поставени исклучиво по писмен пат на e-mail: marija.mirchevska[at]fosm.mk или на информативната средба за која што деталите се во прилог. 

7. ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА

ФООМ и ЕВРОТИНК ќе организираат информативна средба за заинтересираните кандидати на овој повик на 28.04.2017 (петок) во 12 часот во просториите на ЕУ Инфоцентар во Скопје.  

поврзани новости

нема поврзани новости