Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

БАЛКАНСКИТЕ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ПРИСТИГНАА ВО КАПИТОЛ ХИЛ

Горан Булдиоски

Рекс Тилерсон, државниот секретар на САД, размислува како да одговори на писмото од 14 март, во кое шест сенатори го повикаа да ги истражи активностите на американските амбасади, мисиите на УСАИД, и дипломатските канцеларии кои работат на поддршка на демократијата низ светот.
Првопотпишаниот сенатор Мајк Ли и останатите сенатори беспоговорно ги шират лажните обвинувања, кои беа содржани во памфлет кој до Конгресот го достави македонската група Стоп Операција Сорос. Оваа група е формирана од Цветин Чилиманов, уредник во Македонската информативна државна агенција и поранешен вработен во Кабинетот на Претседателот на Македонија. Писмото ги посочува напорите за поддршка на демократијата во Македонија и Албанија од страна на двајца американски амбасадори од кариера и имплицира дека истите биле вмешани во локалната партиска политика со цел да и помогнат на политичката левица. Натаму, во писмото се тврди дека Фондацијата отворено општество - Македонија и Фондацијата отворено општество - Албанија, кои се поддржани од Џорџ Сорос, дејствувале како посредници во овие напори.
Тилерсон треба да го игнорира писмото затоа што не постои ништо спорно што треба да се испита.
Освен што е полно со неточни податоци за работата на фондациите, во писмото на сенаторите одекнуваат поентите на Кремлин и се поддржува агендата на корумпираните и недемократските сили во регионот.
Го знам ова затоа што сум директор на Ицицијативата за отворено општество за Европа, која е формирана од Сорос. Исто така, јас сум Македонец. Во 2015 година, мојата земја беше втурната во политичка криза, откако една опозициска партија објави низа прислушкувани аудио разговори. Една од овие снимки покажа дека Никола Груевски, тогашниот премиер, ги охрабрувал изборните функционери да поништуваат гласачки ливчиња против неговата партија. Други снимки укажаа на распространета корупција и постоење на големa програмa за следење на преку 20.000 луѓе. Како одговор на ова, стотици илјади демонстранти излегоа на улиците во 2015 и 2016 година, а Специјалното јавно обвинителство покрена истраги против Груевски. Тој беше охрабрен да ја напушти позицијата од страна на Европската унија. На изборите од крајот на 2016 година ниту една партија не освои доволно мандати за сама да формира влада. Груевски е се уште најмоќен политичар во политички раскараната Македонија.
Соочен со можна затворска казна, Груевски не сака да признае дека е одговорен за криминалот и за политичката криза, која е предизвикана од истрагите кои се во тек. Опоменат од ЕУ и желен за да ја префрли вината, се чини дека тој го позајмува речникот на Москва. Груевски ја научи на памет пропагандата на Кремљ, која критичарите ги означува како непријатели на народот. Сорос, кој заедно со други приватни донатори и ЕУ финансира независни организации, стана погодно жртвено јагне.
Генерално, во американскиот Конгрес постои разбирање дека поддршката за граѓанските организации низ светот не е предмет на партиски несогласувања. Од времето на Реган, големи мнозинства во двете партии поддржуваат активности кои им помагаат на државите да преминат од комунизам во демократија. Сепак, во нивното писмо сенаторите бараат од Тилерсон да ја укине промоцијата на демократијата која „не ја почитува националната сувереност“. Ваквото толкување претпоставува дека владите, а не гласачите кои ги избираат , се неприкосновени и суверени, како и дека постоењето здраво граѓанско општество го поткопува развојот на една држава.
Со заговарањето на овие тврдења, сенаторите ненамерно го внесоа авторитарниот наратив на Владимир Путин  директно во Капитол Хил. Со фрази слични на оние со кои руските државни медиуми ја портретираа кризата во Украина, а кој сето народно незадоволство го означи како поттикнато од Западот, писмото го обвинува УСАИД за дестабилизација на Албанија, поранешната комунистичка држава која е сега сојузник на НАТО, поради тоа што притискал за реформа на правосудниот систем. Притоа, сенаторите не нудат никаков доказ да го поткрепат своето тврдење, освен тоа дека УСАИД ја финансирал работата на Фондацијата отворено општество за Албанија, што патем не е точно.
Наспроти обвинувањата изнесени во писмото од страна на неименувани “почитувани лидери од Албанија“, Фондацијата отворено општество за Албанија никогаш не добила и не управувала со средства од УСАИД. Оваа Фондација не го создаде Стратешкиот документ за реформи во албанското правосудство како што се тврди во писмото. Документот беше создаден од албанската повеќепартиска парламентарна комисија. Фондацијата го поддржа процесот преку финансирање на комисијата и нејзиниот тим за техничка поддршка, но не немаше влијание на самиот документ. Се чини дека сенаторите се жртва на политичка игра чија цел е да се дискредитира процесот на реформи на правосудството и премиерот. Во ова има иронија имајќи ја на ум нивната загриженост за стабилноста на земјата.
Можеби е најалармантно што писмото на сенаторите го изеначува „поддржувањето на прогресивна агенда“ со промовирањето на  „политичка агенда“. Се чини дека забораваат дека напредокот (во владеењето на правото, демократијата и почитувањето на човековите права) е човеков идеал кој е загарантиран во меѓународното право од страна на влади од сите страни на политичкиот спектар. Сенаторите тврдат дека критичката дебата и реформи, кои имаат за цел е да се реализира тој идеал, имаат „дестабилизирачки ефект“ во регионот.
Историјата покажува дека немаат право. Не е случајност што најпросперитетните држави во светот (Германија и Холандија, да не ги споменувам и САД) имаат најенергични и најразновидни дебати за политиките.
Кога грижите на јавноста се адресираат и дискутираат јавно тоа создава долгорочна стабилност, додека нивното потиснување потхранува фрустрации зголемувајќи ја веројатноста да се случат немири.
Не е чудно што сенаторите информациите ги добиле од лидери закоравени од моќта, кои во критичкото граѓанско општество гледаат  само субверзија. Политичарите не сакаат да бидат критикувани. Но, истрагата - базирана на коментарите на политичари од две држави кои се грижат само за својот интерес - која тие ја бараат би влијаела на работата на продемократски организации како Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт, Националниот фонд за демократија, Инститот за мир на Соединетите држави, и безброј други организации низ светот.. Согласноста за таква истрага би означила опасно отстапување од американската политика за промоција на демократијата и човековите права која трае со децении, а која ја практикувале и републиканските и демократските администрации. Тоа би значело напуштање на сфаќањето дека американските интереси се најдобро задоволени, доколку постојат односи со стабилни, мирољубиви држави кои со САД ги споделуваат истите демократски вредности.
Исто така, писмото го игнорира фактот дека голем дел од работата на фондациите е дизајниран на начин што ги поддржува владините институции.
Пред да донесе одлука, Тилерсон треба ова да го испита внимателно. Откако Сорос ги формираше Фондациите отворено општество во 1979 година, нашата работа помогна да се подобрат животите на милиони луѓе низ светот. Помошта на Фондацијата отворено општество Македонија беше од суштинска важност за преживувањето на Македонија во раните години на постоењето. Блокирана од своите соседи по прогласувањето на независност во 1991 година, за време на распаѓањето на Југославија, Фондацијата ѝ помогна на Македонија да го оддржи во живот системот за здравствена заштита, преку набавка на лекови, лабараториска опрема, амбулантни возила и санитарни материјали за 45 болници и клиники низ целата земја.
Во 1994 година, Фондацијата плати 50% од трошоците за 40 летови на големи карго авиони до Словенија, со кои македонските земјоделци ги извезоа своите продукти на европскиот пазар. До денес, Фондацијата има потрошено 171.500 американски долари повеќе од самата Влада за обезбедување бесплатна правна помош на најсиромашните граќани. Овие проекти нудат бесплатна правна помош на секој поединец или организација на кои им е оневозможен пристапот до информации од јавен карактер за владините активности, како трошоците за локален инфраструктурен проект. Фондацијата има обезбедено бесплатна правна помош на 100 жртви на семејно насилство а дури ѝ има помогнато на Владата и со набавка на нов систем за дигитални записи за националниот систем за здравствена заштита, како и со финансирање на веб – страната на Министерството за правда.
Фондацијата отворено општество Македонија има помогнато да се обучат повеќе од 2000 учители за употреба на интерактивни методологии, ги има платено реновирањето и опремувањето на амфитеатрите, ходниците, тоалетите, мултимедијалните библиотеки и училниците на четири државни универзитети. Во текот на економската криза од 2009 до 2011 година, Фондацијата искористи фондови за итни ситуации за да додели 1.9 милиони евра на организации кои ги учеа земјоделците и малите бизнисмени како да водат финансиски менаџмент со цел да ги одржат своите бизниси во живот.
Фондацијата отворено општество за Албанија има потрошено повеќе од 57 милиони американски долари за изградба на 275 школи и детски градинки во земјата. Седумдесет проценти од населението на Албанија имало корист од школите, а албанските деца се уште ги користат овие објекти. Програмот за интернет на отвореното општество се гордее ја отвори Албанија кон надворешниот свет со воспоставувањето на првата интернет антена вo 1997 година, со што се овозможи бесплатен интернет во библиотеките, универзитетите и невладините организации.
Фондациите отворено општество се гордеат на својата транспарентност и на фактот дека се непартиски. Ние ги унапредуваме човековите права и темелните слободи на долг рок, без оглед на тоа кои се политичките лидери во тој даден момент.
Доколку лидери со авторитарни тенденции ја укинат поддршката за храбри невладини организации кои ја следат нивната работа, активистите сѐ повеќе ќе бидат изложени на вознемирување, заплашување и насилство. Светот ќе станува сѐ помалку стабилен.


Напомена од авторот: Оригиналот на овој текст е објавен на foreignpolicy.com за да се информира јавноста во САД. Ова е авторизиран превод од авторот Горан Булдиоски.

поврзани новости

нема поврзани новости