Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

Дебата: „Вин-вин политика“

Владата и граѓанскиот сектор се во чудна конфронтација

 


Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 19-ти септември одржаа дебата „Вин-вин политика“ на која беше дискутирано за можноста на вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на интегрирање на Македонија во ЕУ, како и финансирање на невладините организации преку програмата ИПА 2.

Никола Бартолини од Генералниот директорат на Европската комисија (ЕК) го објасни начинот на кој граѓанскиот сектор ќе биде вклучен во следната финансиска рамка на комисијата за периодот од 2014 до 2020 година. Според Бартолини, главен принцип на новата рамка ќе биде поврзувањето на политичката со финансиската поддршка. Оттаму, предложени се 40 патокази преку кои секоја година ќе се оценува придонесот на граѓанскиот сектор во европските интеграции. Оценувајќи ја моменталната состојба, Бартолини подвлече, дека во Македонија граѓанскиот сектор и владата се во чудна конфронтација, порачувајќи дека Владата треба да ја искористи посветеноста на невладините организации и своите капацитети да ги спои со капацитетите на невладиниот сектор.

За Неда Коруновска од „Реактор“ особено битно ќе биде ЕК да обезбеди политичка поддршка, односно да ја убеди Владата на тесна соработка со граѓанскиот сектор. Глобален тренд е оддалечување на владите од граѓаните, па успешноста во мобилизација на граѓаните кон невладините организации е добра основа за натамошна соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, оцени Коруновска.

Извршниот директор на МЦЕО, Лидија Димова ги претстави препораките објавени во последниот, 18-ти квартален извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Според препораките во Извештајот, се бара 15 отсто од средствата од ИПА 2 да се програмираат за развој на граѓанското општество, или во бројки, околу 90 милиони евра за периодот од 2014 до 2020 година. Понатаму, се предлага 15 отсто од вкупниот буџет да биде наменет за градење на капацитети, 30 отсто за финансирање проекти, 25 отсто би биле наменети за финансирање на ад-хок грантови, и 35 отсто од вкупните средства би биле наменети за кофинансирање на меѓународни проекти. Според Димова, доколку се следат препораките, годишно би се вработувале по 1100 лица, односно 7700 лица за период од седум години.