Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

ОДРЖАНА ДЕБАТА НА ТЕМА „ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ: КАДЕ ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ?“






На 24 март 2016 година (четврток), во 13.30 часот, во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), се одржa дебата на тема „Приоритети за поддршка на научноистражувачки проекти: Каде да се фокусираме?“, организирана во рамки на Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан кој се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија.



Дебата го адресираше прашањето какви научноистражувачки проекти треба да се финансираат во Македонија: љубопитно-предизвикани (curiosity-driven) или тематско дефинирани? Говорници беа проф. Марјан Петрески од Универзитет Американ колеџ – Скопје, Ирена Цветковиќ, RRPP/NPD истражувачка и Виолета Атанасовска од Министерството за образование и наука (МОН). Настанот го модерираше проф. Емилија Симоска од ИСППИ.


Проф. Марјан Петрески ја отвори дискусијата со компаративна анализа на неколку меѓународни практики во однос на темата. Петрески заклучи дека во моментов, за земја како Македонија, тематската ориентација би требала да биде земена предвид како најсоодветен пристап. За дефинирањето на приоритетите треба да се направат консултации со експертската јавност, носителите на одлуки и бизнис заедницата, но внимание треба да се даде и на глобалните трендови.


Истражувачката Ирена Цветковиќ ги презентираше прелиминарните резултати на истражувањето спроведено за потребите на проектот, а се однесуваа на прашањето поврзано со тематските приоритети. На ова прашање 32% од испитаниците одговориле дека конкурсите за финансирање на научноистражувачки проекти на МОН би требало „секогаш“ да содржат определени теми кои ќе имаат приоритет во селекцијата, додека 60 % одговориле дека конкурсите би требало „понекогаш“ за содржат тематски приоритети. Само 8% одговориле дека тематските приоритети  не треба  да бидат содржани во конкурсите. Цветковиќ препорача поширока дефинираност на приоритетните области и поврзување на националните со интернационалните приоритети. Цветковиќ даде поддршка на интердисциплинарниот пристап и на соработка  помеѓу различни институции.




Виолета Атанасовска, Национален координатор за Хоризонт 2020 во МОН, подвлече дека не се согласува со политиките на МОН. Нејзин личен став е дека моделот на МОН за поддршка на научното истражување не функционира во последните години. Законот за научноистражувачка работа , исто така, не е функционален, а не постои ниту стратегија за наука и истражување. Според Атанасовска оваа ситуација би можела да се промени само ако академските работници и истражувачи станат организирани и „гласни“. Во однос на темата, Атанасовска кажа дека во рамки на Хоризонт 2020 постојат тенденции општествените и хуманистичките науки да бидат дел од речиси сите проекти. 


Конструктивна дискусија и образложенија на позитивните и негативните страни на дефинираните тематски приоритети следеше од страна на учесниците на дебатата, а многумина ја истакнаа и ограничената можност и потребата за овие дебати. 


На дебатата присуствуваа 22 учесници, вклучувајќи про-ректори, професори, поранешни министири и заменици министри и истражувачи од јавни, приватни институции и тинк-танкови. 

Клучни зборови

| ппир