Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017
пронајди

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА – ОДРЖЛИВОСТ НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ХИВ

На иницијатива и во организација на “ХЕРА” и “ЗАЕДНО ПОСИЛНИ”, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 17 и 18 јануари 2018 во Белград, Република Србија ќе се одржи регионална средба на граѓански организации и донатори на која ќе се разгледуваат можните опции за финансирање на превентивните програми за ХИВ, односно опции кои ќе обезбедат финансиска независност и одржливост на истите.
Бидејќи повлекувањето на финансиската поддршка од страна на Глобалниот фонд во повеќето земји е извесен факт кој го засега целиот регион, на средбата ќе учествуваат повеќе граѓански организации од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Косово и Романија.

Во текот на дводневната средба, граѓанските организации кои работат со клучните популации - лица што употребуваат дрога, сексуални работници, ЛГБТ и лица што живеат со ХИВ – ќе имаат можност да ги запознаат донаторите со недостатокот на финансиски средства за клучните услуги за ХИВ-превенција, како и последиците од недостигот. Средбите ќе се искористат за да се потенцира огромната важност на поддршката која ја очекуваат граѓанските организации од регионот по повлекувањето на Глобалниот фонд, а воедно и поддршката која е потребна при предвидувањето и разрешувањето на проблемите со кои ќе се сретнат ГО при транзицијата кон домашното (национално) финансирање на програмите. На работните средби се очекува да се отворат потенцијални можности за покривање на овие недостатоци.

Воедно, како дел од активностите, планиран е и координативен регионален состанок на граѓанските организации на кој ќе се подготви нова регионална апликација за финансирање на програмите за ХИВ која ќе се достави до Глобалниот фонд, со цел продолжување на процесите на застапување во оние земји од регионот кои ќе имаат можност и пристап до финансиските средства од истиот.

Регионалната средба се одржува во рамките на проектот за одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на програмите за ХИВ превенција од националните буџети.

поврзани новости

нема поврзани новости