Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ПОБИВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ КОНСУЛТАЦИИ ВО УНГАРИЈА ОД 9-ТИ ОКТОМВРИ

Џорџ Сорос

На 9-ти октомври 2017 година, унгарската влада преку електронска пошта испрати допис за национални консултации до сите осум милиони унгарски граѓани со право на глас, наведувајќи дека го бара нивното мислење за таканаречениот „План на Сорос“. Изјавите наведени во овие национални консултации содржат извртувања и директни лаги кои намерно ги дезинформираат Унгарците за гледиштата на Џорџ Сорос во врска со мигрантите и бегалците. Исто така, унгарските владини функционери неточно тврдат дека Џорџ Сорос, на некаков начин, го контролира процесот на донесување одлуки во Европската Унија. Всушност, одлуките за начинот на решавање на мигрантската криза ги донесуваат државите-членки и институциите на ЕУ, вклучително и унгарската влада.

Додека здравствениот и образовниот систем во Унгарија се урнисани и длабоко корумпирани, сегашната влада одлучи да создаде надворешен непријател за да го одвлече вниманието на граѓаните. За таа цел, владата го избра Џорџ Сорос, лансирајќи масовна медиумска кампања против Сорос на која потроши десетици милиони евра од своите даночни обврзници, поттикнувајќи антимуслимански чувства и применувајќи антисемитски мантри кои наликуваат на оние од 30те години. Националните консултации се дел од континуираните пропагандистички напори што почнаа во мај 2015 година и ги вклучуваат консултациите „Стоп за Брисел“ од пролетта 2017 година и референдумот од 2016 година што ги оцрни мигрантите и бегалците.

Џорџ Сорос почна да дава поддршка за Унгарија во 80те години, со основање на фондација во земјата во 1984 година. Оттогаш, неговата севкупна поддршка за Унгарците изнесува околу 350 милиони евра и вклучува стипендии, здравствени услуги и хуманитарна помош, вклучително и 1 милион евра за реконструкција по катастрофата со црвената тиња од 2010 година. Освен тоа, тој ги финансира актуелните заложби за помош во образованието на децата со посебни потреби, за справување со бездомништвото и за обезбедување јавен превоз во руралните места ширум Унгарија.

Како загрижен граѓанин, Џорџ Сорос редовно објавува коментари во весниците ширум светот, каде ги изразува своите ставови и предлага приоди на јавната политика за различни теми, вклучително и за мигрантската криза. Сите тие се јавно достапни на неговата веб-страница: www.GeorgeSoros.com.

Изјава бр.1 од националните консултации:

Џорџ Сорос сака Брисел да насели најмалку еден милион мигранти годишно на територијата на Европската Унија, вклучително и во Унгарија:

НЕТОЧНО

Во колумна од 2015 година, Џорџ Сорос напиша дека поради војната во Сирија Европската Унија ќе треба да „прифати најмалку еден милион баратели на азил годишно во догледна иднина. За да го направи тоа, таа мора праведно да го распредели товарот“ („Обновување на системот за азил“, објавено во Project Syndicate, 26-ти септември 2015 година). Една година подоцна, кога околностите се сменија, тој предложи дека ЕУ треба „да се обврзе да прифати само 300.000 бегалци годишно“ („Спасување на бегалците за спас на Европа“, објавено во Project Syndicate, 12-ти септември 2016 година).

Изјава бр.2 од националните консултации:

Заедно со функционерите од Брисел, Џорџ Сорос планира да ги симне граничните огради во државите-членки на ЕУ, вклучително и во Унгарија, за да ги отвори границите за мигрантите.

НЕТОЧНО

Џорџ Сорос јасно го изрази своето верување дека „ЕУ мора да ја поврати контролата врз сопствените граници“. Тој смета дека „ЕУ мора да развие заеднички механизми за заштита на границите, за утврдување на барањата за азил и за преместување на бегалците“. („Спасување на бегалците за спас на Европа“, објавено во Project Syndicate, 12-ти септември 2016 година).

Изјава бр.3 од националните консултации:

Еден дел од „Планот на Сорос“ подразбира користење на Брисел за да се наметне распределба ширум ЕУ на мигрантите кои се концентрирани во Западна Европа, со посебен фокус на источноевропските земји. Унгарија мора да учествува во ваквата распределба.

НЕТОЧНО

Во неговиот последен коментар за бегалската криза, Џорџ Сорос се заложи за „доброволен механизам на рамноправна основа за распределување на бегалците“. Тој јасно кажа дека „ЕУ не може да ги принуди државите-членки да прифаќаат бегалци кои тие не ги сакаат, ниту пак може да ги принуди бегалците да се населат во земји каде тие не се добредојдени. („Спасување на бегалците за спас на Европа“, објавено во Project Syndicate, 12-ти септември 2016 година).

Изјава бр.4 од националните консултации:

Според „Планот на Сорос“, Брисел треба да ги принуди сите држави-членки на ЕУ, вклучително и Унгарија, да им исплатат на бегалците 9 милиони форинти (28.000 евра) како социјална помош.

НЕТОЧНО

Џорџ Сорос не рече дека Унгарија треба да биде принудена да исплати социјална помош на мигрантите во износ од 9 милиони форинти. Напротив, тој изјави: „Соодветно финансирање е од суштинско значење. ЕУ треба да обезбеди 15.000 евра по барател на азил во секоја од првите две години, со цел да им помогне во покривање на трошоците за домување, здравствена заштита и образование – и со цел да го направи прифаќањето на мигрантите попривлечно за државите-членки.“ („Обновување на системот за азил“, објавено во Project Syndicate, 26-ти септември 2015 година). Јасно е дека тоа би се направило како субвенција од ЕУ за унгарската влада. Минатата година, Џорџ Сорос објави дека ќе даде сопствен придонес во финансиските заложби преку доделување 430 милиони евра од неговото лично богатство за „инвестиции кои конкретно ги решаваат потребите на мигрантите, бегалците и на заедниците каде тие се сместени.“ („Зошто инвестирам 500 милиони долари за мигрантите“, објавено во The Wall Street Journal, 20-ти септември 2016 година).

Изјава бр.5 од националните консултации:

Уште една цел на Џорџ Сорос е да осигури дека мигрантите добиваат поблаги казни за сторени кривични дела.

НЕТОЧНО

Сорос никаде не дал ваква изјава. Ова е лага.

Изјава бр.6 од националните консултации:

Целта на „Планот на Сорос“ е да ги потисне јазиците и културите од Европа за целите на побрза интеграција на нелегалните мигранти.

НЕТОЧНО

Сорос никаде не дал ваква изјава. Ова е лага.

Изјава бр.7 од националните консултации:

„Планот на Сорос“ исто така вклучува иницирање политички напади против оние земји кои се против миграцијата и строги казни за истите.

НЕТОЧНО

Сорос никаде не дал ваква изјава. Ова е лага.

Извор: https://www.georgesoros.com/rebuttal

поврзани новости

нема поврзани новости