Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017
пронајди

КОНФЕРЕНЦИЈА: Е-ОПШТЕСТВО.МК – „СЛОБОДА И ПРИВАТНОСТ“





На 22 ноември 2017 година во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје се одржа тринаесеттата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ која оваа година беше на тема „Слобода и приватност“. Целта на конференцијата беше да даде придонес во исполнување на реформските приоритети, како услов за пристап на Република Македонија во ЕУ, преку идентификација и елиминација на пречките за демократскиот развој на медиумскиот сектор.

Како заклучокот од конференцијата беше изведенa констатацијата дека реформите во медиумската сфера мора да се направат професионално, преку дебата и со вклучување на сите засегнати страни и отворен партнерски пристап од страна на институциите на системот.

На првата сесија беше говореше извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, која ја потенцираше важноста на улогата на граѓанското општество и нагласи дека без граѓанско општество, кое ќе биде стручен и објективен критичар на власта, нема да се реализира тоа што е потребно.

– Се поставува прашање дали е можна слободата без сериозна заштита на приватноста. Дали екстремната заштита на приватноста значи и ограничување на слободата? Според мене, слободата е поважна од приватноста, затоа што ми треба слободата за да си ја заштитам приватноста – рече Каранфилова-Пановска.

На конференцијата свое излагање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој говореше во рамки на сесијата на отварањето на конференцијата, интернет-порталите се дел од проблемите во медиумската сфера затоа што зад одредени портали не се знае кој стои и нивните сопственици се офшор-компании.

Како посебен проблем во медиумската сфера, Манчевски го истакна феноменот на лажни вести.

– Младите од Велес се израснати во општество на лажни вести. Не можеме ние како држава или влада сами да се справиме со овој проблем туку требa соработка на глобално ниво. Тука постои и етички проблем во поглед на тоа до каде оди нивото на регулација на медиумите, дали ќе навлеземе во нечија приватност или дали ќе има цензура. Отворени сме за соработка и за дијалог – рече Манчевски.

На конференцијата во повеќе сесии учествуваа и Весна Кардалевска, регионален координатор на Проектот за Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија, Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ), Радмила Живановиќ, претседавач на Управниот одбор на Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис и програмскиот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Филип Стојановски.
Говореа и Драгица Љубеска од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Иван Брешковски како претставник на Здружението на новинари на Македонија, Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми, Билјана Волческа, виш инспектор за заштита на личните податоци во Државниот завод за заштита на лични податоци, Елена Трифуновска од Фондацијата Метаморфозис, Александар Николов, извршен директор на Асоцијацијата Зенит и Љупчо Петковски од Евротинк – Центарот за европски стратегии.
На крајот дебатираа Маја Петковска Лесес, посебен советник за анализи на комуникации и односи со јавноста во Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, потоа Даниела Ѓоршоска од МВР, јавниот обвинител Владимир Милошоски како претставник на Здружението на обвинители, адвокатот Валентин Пепељугоски и Мирче Адамчевски од Советот за етика во медиумите.

Особен акцент беше ставен на реформите на процесите за надзор и следење на комуникациите при што беа објаснети досегашните и идните чекори меѓу кои и справувањето со директниот пристап на државните органи до опремата на телекомуникациските оператори преку формирање на нов оперативно технички центар и систем на зајакната независна контрола.

Во оваа прилика извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска истакна дека не постои никаква гаранција дека сè уште не се прислушува нелегално.

– Можеби и не се прислушува, но јас не добивам таков впечаток ниту од пишаните документи ниту од тоа како течат процесите. Со самиот факт што МВР допрва поведува инцијатива за нов закон за оперативно-техничка агенција што треба да го извади делот за прислушување од УБК, покажува дека таму поставеноста до пристапот до информации не е променета – додаде Каранфилова-Пановска.

Конференцијата е-Општество.мк ја организира Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, во синергија со проектот за Интернет слобода во Источна Европа и Евроазија на Американска адвокатска комора (АБА РОЛИ), проектот Опсерваторија на медиумските реформи (mediaobservatorium.mk) поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија и проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE – actionsee.org) поддржан од Европската Унија.

поврзани новости

нема поврзани новости