Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017
пронајди

КОНЦЕПТОТ НА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО НАСПРОТИ ЗАРОБЕНАТА ДРЖАВА





По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата на 7 декември во хотел Александар Палас се одржа конференцијата ,,ЗАРОБЕНА ДРЖАВА – ПОЛИТИЧКИ, СОЦИЈАЛНИ И ЕКОНОМСКИ ИНТЕРЕСИ” во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество - Македонија, Фани Каранфилова – Пановска како дел од панелот претставници на граѓанските организации и медиумите, говорејќи на тема ,,Предизвиците на граѓанските организации и медиумите во услови на заробена држава” истакна дека концептот на отворено општество е антипод на заробената држава:

- Отвореното општество се залага за почитување на човековите права, наспроти бруталното газење на правата на човекот со кое се користи заробената држава.
- Отвореното општество се стреми кон изградба на динамични и толерантни општества во кои функционираат отворени, отчетни и одговорни институции кои се сервис на граѓаните, наспроти затворените, партизирани и корумпирани институции кои се основа на заробената држава.

- Отвореното општество ја вреднува критичката мисла и конструктивниот дијалог како предуслов за слободата на говор и слободните медиуми, додека основните инструменти со кои се служи заробената држава се пропаганда, клеветење, говор на омраза, вербален линч и контролирани медиуми.

- Постојаната грижа и заштита на маргинализираните групи која ќе обезбеди социјална правда е еден од највисоките приоритети на отвореното општество, а наспроти тоа, заробената држава се користи со груби повреди, физичко насилство и дискриминација по секоја основа.

- Отвореното општество се залага за правичност за сите и независност на правосудството, а силното, слободно и енергично граѓанско општество кое ќе биде буден набљудувач на власта и партнер во носењето политики е крајната цел и целосно се коси со идејата за селективната правда и владеењето на моќта на посилниот како и прогласувањето на граѓанските организации за државен непријател, нивен активен прогон и користење на механизми за замолчување и заплашување, карактеристични за заробената држава.

Антагонизмот беше очигледен, судирот неминовен и иако целиот процес за граѓанските организации беше болен и непредвидлив, од истиот, во суштина тие излегоа посилни и позрели за едно сериозно искуство кое ќе остане како наследство за идните генерации. Ова искуство ги направи граѓанските организации длабоко детерминирани во намерата заробената држава никогаш да не ни се повтори.

#AntiCorruptionDayMK

поврзани новости

нема поврзани новости