Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017
пронајди

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ

Промоција на студијата и панел дискусија





На 11 декември во Холидеј Ин во Скопје, во присуство на Министерот за финансии, Драган ТЕВДОВСКИ, Шефот за соработка на делегација на ЕУ, Никола БЕРТОЛИНИ и Извршнa Директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА, беше презентирана студијата „Предизвиците во управување со инструментот за претпристапна помош“. Студијата ја презентираше авторот Александар КОЛЕКЕСКИ, Постар истражувач од Евротинк .
Документот ја анализира искористеноста на ИПА1 фондовите на ЕУ во Р. Македонија, а главната цел е наодите добиени од анализата да се користат за промовирање на што подобро искористување на европските фондови, а особено како препораки кои би можеле да се користат за Инструментот за претпристапна помош за периодот 2014-2020 година (ИПА2).

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Љупчо ПЕТКОВСКИ кој ја модерираше презентацијата, рече дека промоцијата се случува среде ИПА 2, со намера да се дадат насоки и препораки како да се подобри апсорбцијата преку “лекциите“ научени од ИПА 1. Тој потенцираше дека овие средства не треба да се кабинетски програмирани, туку тоа се средства кои треба да го одразуваат целото општество. И затоа во ИПА 2, вели Петковски постојано, се споменува принципот на партнерство. Петковски вели “При програмирање на средствата треба да се консултира што е можно поширок спектар на актери, надвор од кабинетите, бидејќи само така парите ќе појдат согласно со потребите и таму каде што најмногу е потребно. Според последното анкетно истражување на Евротинк, Еврометарот, смао 40 проценти од граѓаните слушнале за ИПА фондовите. Тој рече дека се надева дека токму ИПА механизмот, кој вклучува преку 300 граѓански организации, ќе ги артикулира потребите на граѓаните и ќе создаде поголема видливост на овие Фондови.

Министерот за финансии, Драган ТЕВДОВСКИ кој ја отвори презентацијата, рече дека искористеноста на ИПА фондовите е значаен приоритет за Владата, и дека се отворени за сите сугестии од НВО секторот.
Токму затоа сметав дека денеска е важно да сум тука – рече Тевдовски додавајќи дека е отворен за соработка и да ги слушне предлозите и идеите. Бидејќи за Владата, членство во ЕУ останува приоритет, Министерот Тевдовски, смета дека на ИПА средствата не треба да се гледа само како финасиска поддршка туку како на инструмент за социјална и економска кохезија, и пред сé како инструмент кој помага во реформите. Евидентно е, рече Министерот, дека треба да се работи на подобрување на апсорбцијата. Владата има неколку приоритети, но секако меѓу првите ќе биде обезбедување на поголема посветеност во однос на спроведувањето на ИПА, што не било случај со предходното раководство. Тој посочи дека е сосема свесен дека колку повеќе институции се инволвирани во процесите, толку повеќе се отежнува спроведувањето  на овие проекти.

Шефот за соработка на делегацијата на ЕУ, Никола БЕРТОЛИНИ рече дека “Многу е тешко кога граѓаните не го препознаваат зборот ИПА. И затоа тој предлага помалку да се говори за ИПА, а повеќе за фондовите на Европската Унија. Предизвиците се заеднички, и наши, и на институциите, и граѓаните, и затоа според Бертолини, за сите треба да се поважни резултатите, наместо тоа колку средства се искористени.
Во македонскиот јазик зборот dead line (краен рок) не пoстои – рече Бертолини дообјаснувајќи дека секоја програма има одреден број години да се имплементира. Откако ќе се потпишат договорите, потписниците се појавуваат најчесто на девет месеци пред завршување на крајните рокови. Две години се изгубени во неповрат. Она што ќе предложам, рече Бертолини, е следните финансиски договори да бидат направени со крајни рокови за 12 месеци, само така, мислам дека ќе бидеме посупешни. Договорите склучени 2014 година истекуваат, а ние сеуште се бориме со мали капацитети на извршени договори. 150 милиони евра нема да бидат употребени од ИПА 1, а ова се многу изгубени шанси за Македонија - потенцираше Бертолини со надеж дека овие грешки нема да бидат повторени со ИПА2. Овие недостатоци тој ги препиша на фактот дека луѓето во Македонија не се навикнати да имаат строги контроли. Бертолини вели “Ние не сме лоши, ниту вие, но едноставно мора сите да бидеме подобри.“
За пример ја даде Црна Гора, каде 98,9% од средствата се искористени. И тие сега започнуваат преговори за членство.“ Апсорпцијата на европските фондови од ИПА но и од програмите на Унијата е клучен показател за тоа колку државата е подготвена за европските интеграции - рече тој.

Извршнaта Директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА рече дека ФООМ, како и Евротинк, многу рано во процесот ја сфатиле потребата и важноста на капацитетите во институциите кон европската интеграција. Од предвечерието на Самитот во Загреб 1999, кога заедно со МНР на Германија одлучивме дека со здружени сили треба да спроведеме обуки, па се досега, ФООМ и Евротинк постојано, посветено и сериозно работат на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.
Улогата на граѓанските организации сепак, потенцираше Каранфилова-Пановска е многу поголема, а тоа најдобро се отсликува преку нивната задача, токму тоа што Николо Бертолини го говореше, на разбирлив начин да им ги пренесат информациите поврзани со пристапувањето на Македонија кон ЕУ, на граѓаните и медиумите.

„По 18 години во кои НВО се грижеа за пристапување на Македонија во ЕУ и обучуваа државни службеници, предлагаа политики, дојде крајно време државата покрај политичка волја да покаже и суштинска посветеност на реформи. Апсорпцијата на средствата е директен индикатор до каде една држава е стигната со реформите на системот и задоволувањето на европските критериуми и стандарди, бидејќи колку е поголема искористеноста, колку се квантитативни но пред се квалитетни резултатите, сето ова е директно, правопропориционално врзано со напредокот во евроинтеграциите“ – рече Каранфилова-Пановска. Ако ги читаме резултатите од анализата, додаде директорката на ФООМ,  1/3 сме потфрлиле на планот на европската интеграција. Ако граѓанските организации, на почетоците на новиот милениум го носеа поголемиот дел од знаењето и ентузијазмот на планот за европската интеграција, мислам дека по 18 години неопходно е државата да ги превземе конците во свои раце на овој план и да покаже резултати – рече таа.
 
Александар КОЛЕКЕСКИ, Постар истражувач од  Евротинк и автор на истражувањето, посочи дека истражувањето се однесува на периодот по акредитацијата на СФСД во 2009, а заклучно со март 2016. Клучниот проблем кој е идентификуван во анализата е спроведувањето на склучените договори. Низ годините наместо да расте, бројката на склучени договори опаѓа. Најголем број договори се склучени 2009 година, односно 75, за секоја следна година бројката да е се помала.

Падот во апсорпцијата на средствата од ИПА (2007-2013) е индикатор дека државата го губи капацитетот за реформи и имплементација на проекти но дека и владата ја губи волјата за реформи – рече Колекески.

Во институциите задолжени за програмирање на ИПА средствата нема расположение за вклучување на преставниците на НВО, а со тоа и на директните корисници – граѓаните на РМ, бидејќи посочи Колекески, граѓанските организации не ги застапуваат своите интереси, туку интересите на граѓаните.

Потребна е поголема посветеност на политичко ниво, бидејќи алармантно е губењето на средства од првичните алокации.  (за пример во 2010 искористеноста била 30 милиони, а во 2012 нешто над 20, за секоја следна година да биде сé помала).
Николо Бертолини, во својот заклучок додаде дека кога пристигнал во Македонија во септември 2016 процентот на склучени за договри за ИПА средствата бил само 25 проценти. Рече дека им се пожалил на своите колеги дека се чувстввувал како да влегол во ноќна мора. Сепак на крајот на годината процентот на искористеност беше 50 проценти. – вели Бертолини. Фокусот според него, не треба да биде на тоа колку средства се потрошени, туку на промените кои се направени и резултатите од истите. “Немојте целосно да се фокусирате на склучените договори, туку барајте го и ефектот од потрошени пари и оставарените резулати.
“Како главен на оперативен офицер на ЕУ делегацијата, веќе ми е преку глава од склучување на договори со кои се купуваат возила за државните институции. Искористете ги возилата кои ќе ги конфискувате од мафијата.“ – рече Бертолини осврнувајќи се на начините на кои е трошат средствата.
Тој предложи дека имајќи го предвид капацитетот кој постои во НВО можеби треба да се искористи можноста  за јавно овластување што ја дава  законот и да се делегираат дел од надлежностите кај оние кои тоа можат подобро да го прават.

Панел-дискусијата беше организирана со цел да се поттикне дебата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови.

Студијата можете да ја преземете на следниов линк.

поврзани новости

нема поврзани новости