Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со Министерството за труд и социјална политика и Општина Росоман денес ги отворија реконструираните простории во градинката „Праскичка“ проширувајќи го капацитетот на градинката. Со донацијата од ФООМ, покрај адаптираните простории за најмалите, „Праскичка“ доби и убаво уреден двор.

Инвестирањето во раниот детски развој е основа на која се гради едно отворено општество. Раните години од детскиот развој нудат единствена можност да се создадат образовани, успешни, свесни и активни идни генерации кои ќе придонесат кон градењето просперитетно општество. Обезбедувањето квалитетните услови за ран детски развој создава еднакви можности за сите деца и им овозможува во целост да си ги искористат своите потенцијали.

За Фондацијата Отворено општество – Македонија креирањето одржливи системски решенија кои ќе обезбедат еднакви образовни можности за сите деца останува приоритет. Продолжуваме и понатаму да ги поддржуваме Владата на Република Северна Македонија и општините во нивните напори да овозможат што поголеми шанси за подобар раст и развој на што повеќе дечиња.

—————————————————

24 октомври 2019